МЕДИАЦЕНТАР

Нова страница за информации

Катица Јанева за време на својот мандат добила 157 илјади евра „додаток за доверливост

Новата апликација на Министерството за финансии „Отворени финансии“ открива дека поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, за време на својот мандат, зела вкупно 157.000 евра надвор од редовната плата кој отпрлика била нешто над 3.500 евра месечно.

Овие 157.000 евра во периодот од нешто повеќе од 4 години Јанева ги добивала како додаток за доверливост – да не открива што чула во „бомбите“. Дел од тие бонуси е и за кирија (400 евра) и надоместок за тоа што работела надвор од градот во кој живее (по 42 евра), објави Призма.

Најголемиот дел од бонусот е додатокот за доверливост што ѝ бил исплаќан под контото „други трансфери“. Овој додаток секоја година станувал сѐ поголем и поголем – 1.600 евра, па 2.200 и сѐ до 4.000 евра неколку пати во текот на секоја година или вкупно 46 пати.

Овој додаток е дел од Законот за СЈО, а одлуката за висината на тој додаток ја носела сама Јанева.

Додаток на доверливост добивале и другите обвинители и некои вработени во СЈО. Кај Јанева се регистрирани и уште неколку други уплати од Академијата за јавни обвинители, Од Владата и од нејзиното матично обвинителство во Гевгелија.

Катица Јанева од пред два дена е во домашен притвор, а е обвинета за случајот „Рекет“, заедно со Бојан Јовановски – Боки 13 за рекетирање на бизнисменот Орце Камчев. Според обвинението, Јанева добила 50.000 евра и мебел во вредност од 5.000 евра за да му дозволи на Камчев да се брани од слобода и да му го врати пасошот додека за него течела истрагата за „Империја“.

Јанева во периодот додека беше во затворот Шутка побарала и апанажа, односно уште една година да ја зема платата како поранешен функционер, а побарала и пари од т.н. „колективен фонд“ на СЈО за да ја плати адвокатката. 

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial