МЕДИАЦЕНТАР

Нова страница за информации

И покрај кавгите и несогласувањата на градоначалничката Арсовска со ВМРО-ДПМНЕ, сепак во градскиот совет вчера се надминаа политичките спротивставености и се изгласа буџетот за 2023 година во висина од 114 милиони евра. 

Арсовска претходно кажа дека, доколку не се донесе буџетот за наредна година и се блокира работата на Градот, ќе се оди на нови советнички избори во март.

-Предлог буџетот за 2023 година го ставам на гласање – 28 советници гласаа ЗА. Констатирам дека буџетот на Град Скопје за 2023 година е донесен, може еден аплауз?- Трајко Славески

На носењето на буџетот претходеа голем број на амандмански расправи во кои се бараа средства за спорот, културата, како и за разни инфраструктурни проекти,

-Не се работи за тоа дали проектите се добри или не се, секој од овие проекти е добар, од сите советници сите проекти кои ги добивме сите се добри. Тоа не значи дека можеме да ги издржиме во овој буџет и да ги реализираме, едновремено не е се во програмата која ја имаме ветено пред граѓаните.- Данела Арсовска – Градоначалник на Скопје

А, поради истите денеска продолжија меѓупартиските препукувања и обвинувања. И СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ продолжуваат со обвинувања за, како што велат скриени коалиции кои му штетат на Градот.

-Се потврди она што го говориме, се потврди вистината. Коалицијата на мнозинствотот во Советот е коалиција на шпицниот градоначалник Христијан Мицкоски, Данела Арсовска и Димитар Апасиев. Вистинските кавги им се очигледно само за тендери и рацете во медот. – СДСМ

-На виделина излезе коалицијата Тачела, одговорни за хаосот во Скопје. Љубовта меѓу Данела Арсовска, СДС/ДУИ и Левица, вчера се разгоре против проекти за модерно Скопје, а се обединија за непродуктивни трошења. – ВМРО – ДПМНЕ

Арсовска пак претходно кажа дека политиката не ја интересира, туку интересот на граѓаните, а носењето на буџетот е неопходен за реализација на проектите.

Основниот буџет на Градот ќе биде 72 милиони, а 33 милиони евра ќе бидат дотации од Владата. Од самофинансирачки активности се 5,7 милиони и 2,5 милиони евра ќе бидат од донации.

По барањето на Градот, 12 милиони евра ќе одат за ЈСП, за како што велат да продолжи трендот на заздравување на претпријатето кое за прв пат во 30 години не тоне, туку испливува кон површината..

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial