Нова страница за информации

И во Грција се откажуваат екскурзиите за ученици

Привремено откажување на сите екскурзии во странство за учениците од Грција поради корона вирусот, соопшти портпаролот на Министерството за здравтво на Грција и научен соработник во Националната организација за јавно здравје, професорот Сотирис Циодрас, на денешната прес конференција во надлежното министерство, јави дописничката на МИА од Атина.

-Со препорака од специјалната група на експерти и со согласност од министерката за образование, се проширува мерката за привремено откажување на организираните едукативни екскурзии, сите екскурзии во странство поради исклучителните тешкотии за пронаоѓање на контактите на потврдените случаи во странство, рече Циодрас.

Во однос на четвртиот случај на коронавирусот во Грција, професорот објасни дека продолжува проверката на контаките и превентивно се затворени училишта во поширокиот дел на Атина.

Според грчките медиуми, 36-годишната жена кај која беше откриен корона вирусот е професорка.

За останатите позитивни случаи Циодрас рече дека продолжува процесот на пронаоѓање на контактите и следење на здравствената состојба на лицата кои со нив имале блиски контакти.

-Онаму каде што имаше сомнеж, се спроведе лабораториска проверка, која беше негативна. Нешто друго што е многу важно да се истакне е дека не се оценува неопходно откажувањето на масовните собири во нашата држава. Не постојат знаци на континуирано пренесување на вирусот во заедницата во Грција, рече портпаролот на грчкото Министерство за здравство.

Професорот Циодрас, на денешната прес конференција објасни дека епидемијата се проширува во сѐ повеќе земји и има „сѐ повеќе појави на пренесување на вирусот каде што нема јасен извор на потекло”.

Во Грција се регистирани вкупно четири случаи на корона вирус, два во Солуни два во Атина.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial