Историски самит: Бајден и Путин сепак може да одржат состанок во трета држава

Претседателот на САД, Џо Бајден во телефонски разговор со рускиот колега Владимир Путин предложил да одржат состанок во трета држава, соопштија од Белата куќа.-Претседателот Бајден ја потврди својата цел: Изградба на стабилни и предвидливи односи со Русија кои се соодветни со интересите на САД и предложи одржување на состанок-самит во трета држава во наредните месец дена заради разговор за цел спектар на прашања со кои се соочуваат САД и Русија, се наведува во соопштението.ва американски воени бродови треба да пристигнат на Црното Море оваа недела, што претставува знак на поддршката што администрацијата на претседателот Бајден и ја дава на Украина. Се повеќе се стравува дека рускиот претседател Владимир Путин размислува за напад врз соседот Украина. Москва започна со распоредување на руски воени сили, тенкови и ракети долж границата со Украина.