МЕДИАЦЕНТАР

Нова страница за информации

ИПИС на Божиновски објави анкета со предност на ВМРО, СДСМ го обвини дека земал буџетски пари

Институтот за Политички Истражувања од Скопје (ИПИС), кој се поврзува со универзитетскиот професор и политички аналитичар Владимир Божиновски, објави дека спровел анкета во периодот од 2 до 6 декември врз 1.121 испитаници, од кои 22 отсто се изјасниле дека не поддржуваат ниту една партија, додека 12 отсто се уште не знаат кого ќе поддржат.

Врз основа на оние што изјасниле за конкретна партија, пак, произлегува дека ВМРО-ДПМНЕ има рејтинг од 21,4 отсто, СДСМ има рејтинг од 17,5 отсто, ДУИ има рејтинг од 4,9 отсто, АА има рејтинг од 3,2 отсто, БЕСА и Алтерантива имаат рејтинг по нешто над еден отсто итн.

Додека за ВМРО-ДПМНЕ оваа анкета е уште една потврда за, како што велат од таму, заминувањето на СДСМ од власт, социјалдемократите се сомневаат во веростојноста на анкетарите, а самото тоа и на резултатите.

-Ако не се лажам, ИПИС беше институтот 480.000 евра имаше добиено само од МТСП и истата таа aгенција беше искористена за да направи добар вовед за насилството од 27 април кога неколку недели пред насилните собирања пред Собранието образложуваше дека граѓаните биле во право – рече заменик-претседателката на СДСМ Радмила Шеќеринска.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial