Илијоски: Елмас е таму каде што заслужува да биде
Го чекаме само моментот кога Елиф Елмас и официјално ќе биде промовиран како нов играч на италијанскиот фудбалски вицешампион.
Македонскиот репрезентативец Елмас (19) синоќа пристигна во кампот на Наполи, им се приклучи на своите нови тимски колеги и биде на располагање кај тренерот Карло Анчелоти.
Пред да направи трансфер во Неапол, нашиот интернационалец играше во редовите на Фенербахче каде што со своите игри уште повеќе го привлече вниманието со својот огромен потенцијал.
Професионалната кариера ја започна во Работнички, а таму негов соиграч беше Баже Илијоски кој исто така ја споделува радоста што Елиф ќе игра во една од Топ 5 европските лиги.
– Елиф е токму каде што заслужува да биде. Тој е одличен и голем играч кој што допрва ќе го покаже најдоброто од себе. Елиф е соиграч кој што секој би го посакал и можам да кажам само пофални зборови и сите помлади треба да им биде пример и да се стремат кон истото – ни изјави Илијоски.
Минатиот месец Илијоски (35), „кралот на стрелците“ ја заврши неговата кариера како играч кој освен во дресот на „романтичарите“ и останатите домашни клубови имаше и интернационална кариера.