МЕДИАЦЕНТАР

Нова страница за информации

Зибери: Самостојно се пријавив на оглас за Народен правобранител, нема компензации

Фунцијата Народен правобранител не ја добив како резултат на некаква политичко – партиска компензација, туку самиот се пријавив на јавниот оглас, изјави новиот Обдусман Насер Зибери. Тој нагласува дека функцијата ќе ја извршува одговорно, дека нема да има амнестија кон ниту еден припадник на орган на управа или носител на јавна функција и дека согласно Уставот и законите ќе се стави во улогата на заштитник на слободите и правата на граѓаните.

„Апсолутно не се работи за никаква компензација во смисла на мојот ангажман. Јас доброволно прифатив да бидам номиниран за можен кандидат за премиер, но изборните резултати дадоа таква конфигурација и резултатот е тој што е, се знае кој е премиер. Јас на огласот објавен од страна на Собранието, се пријавив да учествувам за можната позиција Народен правобранител, Собранието ме избра и од формално – правна гледна точка целата работа се заврши согласно прописите”, вели Зибери во интервју за Радио слободна Европа на македонски јазик.

Тој е убеден дека ќе ги демантира и најголемите скептици.

„Забелешките кои се упатуваат од страна на Алијанса за Албанците се само нивни претпоставки дека Народниот правобранител нема да биде независен во вршењето на својата функција. Тие претпоставки често пати имаат алузии и не се основани од причина што Народниот правобранител сега стапува на должност”, истакнува Зибери.

Тој нагласи дека треба да му се даде простор да ја работи работата и оти нема да има амнестија кон ниту еден припадник на орган на управа или носител на јавна функција.

„На секој граѓанин кој ќе се обрати до Народниот правобранител или Народниот правобранител по допрен глас ќе има сознанија дека во управна постапка од орган на управа се загрозени или повредени правата институцијата Народен правобранител ќе постапува, ќе отвори постапка и соодветно ќе реагира во рамки на надлежностите што ги има, без пардон кон кој било носител на јавна функција или вработен во орган на управа или единица на локална самоуправа или други органи и организации кои вршат овластување”, уверува Зибери.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial