За Џамбаски македонизмот бил измислен во Белград
Партијата ВМРО БНД повторно ја осуди резолуцијата на Европскиот парламент во која се критикува владеењето на правото во земјата.
Европратеникот Ангел Џамбаски вели дека оваа негативна резолуција што ја допира темата на Скопје ќе се обидат да ја искористат во политичките кругови блиски до Србија, Македонија и Русија.
„Но, ќе ги видите силите поврзани со Белград и еден друг главен град малку подалеку од север, каде што беше измислен македонизмот како политички напад против Бугарија (се мисли на Москва, каде според Џамбаски, антибугарските идеи на Коминтерната се појавија во 30-тите години на минатиот век ) Тие ќе ги користат одредбите од резолуцијата против нас. „Можете да видите дека паралелно со дискусиите во Европскиот парламент, се разговара за тоа како Бугарија треба да го реши прашањето за злоупотреба на бугарската историја во Македонија“, рече Џамбаски, пренесува БТВ.Брисел ги повикува бугарските власти и на спроведување на релевантните пресуди на Европскиот суд за човекови права, при што се наведени, меѓу другото, и пресудите што се однесуваат на неможноста на македонското непризнаено малцинство во Бугарија да регистрира свое здружение или политичка партија.
Македонскиот шеф на дипломатијата, Бујар Османи вчера ја посети Софија, при што со тамошните власти изразија желба за наоѓање компромис.