МЕДИАЦЕНТАР

Нова страница за информации

За изборите во Бугарија се гласа и во Амбасадата во Македонија

Во соседна Бугарија денеска се оджуваат избори за претседател и потпретседател, како и вонредни парламентарни избори.

Право на глас имаат и бугарските државјани кои живеат во Македонија, а кои денеска излегоа на гласање во бугарската амбасада во Скопје.

Претходно, од Амбасадата посочија дека право на глас имаат сите бугарски државјани кои имаат валидни бугарски документи.

„Може да гласате со лични документи – лична карта или пасош, како и со документи чија важност истекла по 13 март 2020 година, без да бидат обновени. Гласањето е уставно право на секој бугарски граѓанин“, се наведува во соопштението на Амбасадата на Република Бугарија во земјава.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial