За заштита од аерозагадувањето општина Кисела Вода за децата во градинките обезбеди 2200 маски

Општина Кисела Вода за дечињата кои ги посетуваат објектите на двете јавни детски градинки кои се под нејзина надлежност обезбеди 2200 маски кои ќе им помогнат за заштита на здравјето од аерозагадувањето.
За таа цел, претседателот на Советот на Општина Кисела Вода, Дарио Шимиќ денеска во ЈДГ „8 – ми Март“, во објектот „Расадник“ и ЈДГ „Весели Цветови“ на децата им подели маски за заштита од загадениот воздух. Шимиќ на дечињата им објасни како и зошто треба да ги носат истите.

Заштитни маски ќе им бидат поделени на децата во сите објекти на ЈДГ „Весели Цветови“ и ЈДГ „8 – ми Март.

Доделувањето на маските е дел од мерките кои Општина Кисела Вода ги презема за заштита на здравјето на најмладите свои жители.