Заев понуди избори догодина во октомври, ВМРО-ДПМНЕ смета дека датумот е добра основа за преговори
Најрано во април, најдоцна во октомври – предвремени избори на неколку мсесеци пред редовни ќе има. Опозицијата инстистира на април, премиерот лицитира со октомври, а неговиот коалициски партнер Ахмети некаде на средина – не иклучува можност за мај или јуни.
Но, пред да се стигне до датум, власта и опозицијата ќе мора да ги испеглаат законите за ЈО, попис, изборниот законик, но и да ја договараат техничката влада и оставката на Зоран Заев. Премиерот денеска со контраодговор до Мицкоски предремени избори да, само два месеци пред редовните.
Заев повторува дека е оптимист за договор со Мицкоски за иднината на СЈО, но повтори дека црвените линии околу истрагите и иднината на СЈО, не смее да се поминат.
Според неофицијалните информации на тв24, токму околу клучните несогласувања за истрагите отворени по рокот, неоформално се согласиле и преговарачките тимови и на власта и на опозицијата, дека треба да пресечат лидерите на лидерска средба. А за да седне на средба, Мицкоски, на агендата на Заев ќе треба да има и предвремени избори.
Освен лидерско седнување на маса, со датум за предвремени избори, опозицијата ја услови и поддршката за законот за СЈО, но и пописот и доколку се постигне договор. Потпретседателот на партијата Николовски во интервкју за Канал 5 на Заев му порача деека доколку власта не се согласи за предвремени избори, тие со протести ќе ги испровоцираат.
Токму предвремените избори беа обарзложението зошто Мицкоски не се појави на лидерска, а Заев ја откажа поради неговото недоаѓање. Кон барањето за избори на ВМРО-ДПМНЕ се приклучи и Беса, отако нивниот лидер Билал Касами испи кафе со Мицкоски.
Зијадин Села од Алијанса за Албанци пак кој што беше поканет на лидерската, во папката до премиерот, освен избори имаше и барање за експертска влада, но и за старнецв за нов СЈО. ОД ДУИ пак неодамна изјавија дека според нив, не се исклучува мај или јуни – земјава да трча на предвремени избори.