МЕДИАЦЕНТАР

Нова страница за информации

Заев за пописот: Повик за бојкот е недостаток на елементарна свест, никој не сака земја без попис за свој партнер

Успешен попис е потребен за преговорите со ЕУ, но тој е клучен и за секој сегмент од животот на граѓаните, порача премиерот Зоран Заев во неговото обраќање на средбата што ја организира Државниот завод за статистика (ДЗС) со државниот врв и со градоначалниците.

Значаен дел од неговото обраќање тој посвети и на можниот бојкот, па порача дека тоа би значело втурнување на земјата во провалија каде ќе биде изолирана. Затоа упати повик и до ВМРО-ДПМНЕ да се приклучи на оваа одговорна статистичка операција кон татковината.

Бојкотот, според премиерот, е најлошата одлука што може да ја донесе некој политички субјект бидејќи освен што е правно недозволиво, тој носи и конфузија и огромна штета за државата.

„Повикот за бојкот без разлика дали е спакуван како повик за неучество или за минирање на најважната статистичка операција за земјата е неодговорно однесување и отсуство на елементарна свест дека со неспроведување на пописот стануваме единствена земја која нема да може да планира каков било развој од економски, образовен и културен аспект. Таквиот став е свесно туркање на земјата во провалија и закана дека ќе останеме црна дупка во светот како изолирана земја која не поседува податоци за да може да ги испланира следните, 5, 10, 50 или 100 години од сопствената иднина. Кому му одговара да имаме иднина планирана врз погрешни податоци, стари повеќе од 20 години? Кому му одговара да имаме промашени планови за развој? Никој не сака таква земја за партнер, ниту еден инвеститор нема да покаже интерес да инвестира кога ќе види дека земјата ги нема основните статистички податоци за нејзините ресурси, за работната сила, за пазарот, за потрошувачките навики“,

Тој уште еднаш потенцираше дека тоа не е операција која само треба да даде слика за етничката состојба туку дека врз основа на него ќе може да се креираат мерки за потребите на граѓаните: економски, здравствени, социјални, културни …

„Важно е да се утврди точниот број на населението, не само вкупниот туку и во секој плански регион, населба, општина. Целосна слика по сите основи, на која возраст, со какво образование, квалификации, место на живеење … Пописот ќе ни даде одговор и колку од зградите се енергетски ефикасни, дали имаат пристап за лица со попреченост, колку од домаќинствата се греат на дрва, на струја на парно“,

рече Заев во обраќањето пред градоначалниците.

Не случајно минатата година Европскиот ден на статистиката, рече премиерот, се одбележан под мотото „Подобри податоци, подобар живот“ и затоа побара од градоначалниците да дадат придонес.

Општините, им рече, ќе имаат корист од пописот бидејќи ќе може да се планира развојот на локалните пазари, туристичките потенцијали итн.

„Ве охрабрувам и ве повикувам да се вклучите во сите аспекти на пописот и да спроведеме 100% успешна операција. ДЗС ги има сите капацитети, сè што е потребно е да ги следиме нивните насоки, да дадеме поддршка и да имаме успешен резултат“,

им се обрати Заев на градоначалниците.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial