МЕДИАЦЕНТАР

Нова страница за информации

Жителите на Кисела Вода на 16.000 м2 ќе добијат нова зелена парковска површина

Денеска градоначалниците на Општина Кисела Вода и на Град Скопје, Филип Темелковски и Петре Шилегов направија увид во работните активности за изградба на нов парк, лоциран покрај железничките пруги во урбаната заедница „11 Октомври – бараки“.

„Покрај инвестицијата што градот Скопје ќе ја направи во парковското уредување, ние како Општина партерно ќе го уредиме просторот заедно со детско игралиште и парк за миленичиња така што овој парк ќе биде една целина, која што ќе може да ја користат сите граѓани од сите возрасти“ – изјави градоначалникот Филип Темелковски.

Градоначалникот Темелковски истакна дека е благодарен на Градот Скопје за сите досегашни инвестиции на територијата на Општина Кисела Вода. Градоначалникот нагласи дека и во иднина преку соработка со Градот ќе продолжи разубавувањето на општината.

Градоначалнкот Петре Шилегов истакна дека на површината која беше голема дива депонија и запуштен простор граѓаните ќе имаат нов урбан парк кој ќе биде партерно и хортикултурно уреден, место каде што тие ќе рекреираат и шетат со своите дечиња. Градоначалникот Шилегов нагласи дека паркот ќе имаа детско игралиште и истиот ќе го збогатат 500 нови садници, од кои 350 листопадни и 150 зимзелени дрва.

​Општината во соработка со Градот Скопје, на 16.000 м2 ќе направи нова зелена површина која ќе се наводнува со современ автоматски систем. Покрај зеленилото, наскоро најголемата напуштена површина ќе ја збогати нова урбана опрема. Ќе бидат поставени клупи и летниковци за одмор и дружба, за најмладите жители на Општината ќе биде изградено ново детско игралиште, а со цел за развивање на спортот во план е да се направат и фитнес зони. Додека за сопствениците на миленици ќе биде изграден парк.

Локалната самоуправа во соработка со Агенцијата за млади и спорт, во должина од повеќе од 2 километри целосно ќе ја реконструира трим патеката, која почнува од влезот на Кисела Вода и завршува на булеварот Србија, во Општината Аеродром. Во периодот што следува нов парк ќе биде изграден и во урбаната заедница „Цветан Димов“.  

По завршувањето на градежните работи граѓаните ќе имаат место плус за спортски активности и релаксација.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial