Железничкиот сообраќај нормализиран
По петдневен прекин, од денеска нормално, според возниот ред, функционира патничкиот железнички сообраќај, додека товарниот е воспоставен во текот на вчерашниот ден.
Машиновозачите го прекинаа протестот што го почнаа во вторникот откако од раководството им ветија дека ќе им се исполни барањето додатокот за квалитет да им се зголеми од 30 на 40 проценти. Со тоа на нивните сметки со наредната плата ќе легнат уште 1.000 до 1.500 денари. Со протестот тие се изборија и за подобри услови за работа. low income bad credit loans australia
Во петокот раководството на Железница на вработените кои протестираа по пошта на домашна адреса почна да им дели отказни решенија со објаснување дека штрајкот е нелегитимен, бидејќи не е организиран од ниту еден од многуте синдикати во Железница Транспорт. Дел од постигнатиот договор е и тоа овие откази да не важат и сите машиновозачи да се вратат на работа.
Според министерот за транспорт и врски Горан Сугарески штетата од неработењето на железницата е околу девет милиони денари.