Нова страница за информации

ЕУ ќе им даде јасна временска рамка на Македонија и Албанија

Претставувањето на промените во методологијата на преговарачкиот процес, како и дополнителнотот извештај на Европската комисија за Македонија и за Албанија, треба да доведе до политичко решавање на прашањето за давањето на датум за старт на преговори со двете земји. Ова е ставот на хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, кој смета дека тоа треба да ја врати и довербата на двете земји пред одржувањето на самитот ЕУ – Западен Балкан на почетокот на мај во Загреб.

„Хрватското претседавање преку Самитот во Загреб во мај на земјите од Западниот Балкан ќе им даде јасна европска перспектива, јасна временска рамка, но и методологија за идните преговори“, изјави Андреј Плековиќ, премиер на Хрватска.

За новата методологијата која Комисијата треба да ја претстави до крајот на јануари, но и вонредниот Извештај за земјава во февруари, врз кој Европскиот совет во март ќе ја носи одлуката за давање на датум, во Скопје в среда со државниот и политички врв ќе разговара новиот европски комесар за проширување Оливер Вархеји. Наследникот на Јоханес Хан, Вархеји, на кому ова му е прва посета на Македонија ќе се сретне со шефот на државата, техничкиот премиер, првиот парламентарец, но и политичките лидери.

Инаку меѓу обврски на новиот еврокомесар меѓу другото наведена е и поддршката за предлогот за отпочнување на преговори со Македонија и со Албанија, како и обезбедување на кредиблна перспектива за Западниот Балкан.

Во пресрет на неговата посета претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен пак порача дека процесот на промена на методологијата и пристапните преговори на Македонија и Албанија греба да се одвиваат паралелно.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial