МЕДИАЦЕНТАР

Нова страница за информации

ЕУ купува 300 милиони дози вакцина против коронавирус

Европската комисија соопшти дека постигнала договор со британската компанија „Аstrazeneca“ за купување на повеќе од 300 милиони дози од нивната потенцијална вакцина против ковид-19.

Претставник на ЕУ кој преговара во име на 27-те членки на организацијата, изјави дека договорот вклучува опција за купување дополнителни 100 милиони дози, доколку вакцината се потврди дека е безбедна и ефикасна.

Ова е прва спогодба на ЕУ за набавка на вакцина против ковид-19 однапред.

Претходно, американската компанија „Новавакс“ објави дека Велика Британија од неа ќе купи 60 милиони дози од потенцијалната вакцина против „ковид-19“.

Компанијата и британската влада ќе соработуваат во третата фаза од клиничкото испитување со цел да се процени ефикасноста на вакцината кај британското население, се наведува во соопштението.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial