МЕДИАЦЕНТАР

Нова страница за информации

Еуросупер 95 поевтин за половина денар, еуросупер 98 и еуродизел по стара цена

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за промена на малопродажните цени на нафтените деривати.

Од вечерва на полноќ малопродажната цена на бензинот Еуросупер БС-95 се намалува за 0,50 денар/литар и ќе изнесува 60,50 ден/лит. Малопродажните цени на бензинот Еуросупер БС-98 и на Еуродизел (Д-Е V)  остануваат на исто ниво.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 0,50 денар/литар и од вечерва на полноќ ќе изнесува 52,50 ден/лит. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,156 ден/кг  и ќе изнесува 25,980 ден/кг.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial