МЕДИАЦЕНТАР

Нова страница за информации

Ердоган: „милиони“ мигранти наскоро ќе тргнат кон ЕУ

Милиони“ мигранти и бегалци наскоро ќе тргнат кон Европската унија предупреди денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Како што јавува агенцијата Франс Прес оваа изјава е дел од притисокот кон западните земји поврзан со сирискиот конфликт.

„Откако Турција минатата недела ги отвори вратите за мигрантите да ја напуштат територијата стотиците илјади поминаа, а наскоро ќе бидат милиони“, рече Ердоган во телевизиското обраќање.

Извештаите од грчката гранична служба пак се дека бројот на мигранти е далеку помал.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial