Ердоган во Сараево: прошета низ Башчаршија, луѓето го поздравија (ВИДЕО)
Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган пристигна денес во Сараево каде ќе се сретне со членовите на Претседателството на БиХ и ќе присуствува на венчавката на ќерката на лидерот на Партијата за демократска акција Бакир Изетбеговиќ.Првиот човек на Турција прошета низ сараевска Башчаршија каде го поздравија голем број граѓани, а некои успеаја со него накратко да поразговараат. Ердоган замина и на гробот на Алија Изетбеговиќ каде оддаде почит.
Во вечерните часови Ердоган ќе се сретне со членовите на Претседателството на БиХ, а теми на разговорот ќе бидат економската соработка на двете земји и заедничките инфраструктурни проекти како изградбата на автоматот Сараево-Белград.
Ердоган пред заминувањето во посета на Босна и Херцеговина на новинарите во Истанбул им кажа дека БиХ претставува клучна држава на Балканот и дека Турција дава голема важност на нејзината мултикултурна структура, безбедноста, стабилноста и развојот.
Турскиот претседател изрази задоволство што по посетата на БиХ, ќе отпатува во прва официјална посета на Црна Гора.