Ердоган во водство пред Киличдароглу по првиот круг, конечниот епилог се очекува на 28 мај
За прв пат досега, турските граѓани претедател ќе бираат во вториот круг на изборите.За прв пат досега, турските граѓани претедател ќе бираат во вториот круг на изборите, откако актуелниот претседател Реџеп Таип Ердоган кој иако води со над два милиони гласови пред неговиот ривал Кемал Киличдароглу, не го освои потребниот број на гласови за победа во прв круг. Ердоган и Киличдароглу повторно ќе се соочат на 28 мај, за кога и двајцата велат дека очекуваат сигурна победа.
Според досега пребројани 99 проценти од гласовите, Ердоган има 49,40 проценти, за разлика од Киличдроглу кој има 44 што беше доволна причина доцна во ноќта да се слави во седиштетто на партијата на Ердгодан.
– На овие избори веќе го надминавме нашиот најблизок ривал за 2,6 милиони гласови. Ако нашата нација донесе одлука за втор круг на изборите, тогаш тоа е добредојдени. Ние силно веруваме дека ќе продолжиме да и служиме на нашата нација во наредните пет години,вели Реџеп Ердоган.
Киличдароглу пак, иако осови помалку гласови од очекуваното, сепак е оптимист дека е можен пресврт и негова конечна победа…
-Ердоган и покрај целата црна кампања и навреди не го доби резултатот кој го очекуваше. Никој не треба да се возбудува за завршена работа. Избори не се добиваат на балкон. Изборните податоци се уште пристигнуваат. Ако нашата нација одлучи да има втор круг, тоа ќе биде наше задоволство. Дефинитивно ќе ги добиеме овие избори во вториот круг, истакна Кемал Киличдароглу.
Една недела пред изборите, речиси сите анкети во Турција покажуваа водство на Киличдароглу пред Ердоган. Дел од турските аналитичари велат дека исходот доаѓа како изненадување, а клучен во вториот круг спроед нив ќе биде третиот кандидат Синан Оган кој е дел од националистичката коалиција, освои 5 проценти од гласовите и би можел да го поддржи Ердоган.
-Исходот од изборите дојде како изненадување, бидејќи консензусот на анкетите беше дека дури и да не заврши ова во првиот круг, господинот Киличдароглу ќе биде во водство, но го видовме сосема спротивното, изјави Џан Селџук – Политички аналитичар.
-Синан Оган се чини дека ќе биде клучен во вториот круг. И тој кажа 24 часа пред изборите дека ќе седне и ќе преговара со двете коалиции. И знаете дека партијата на претседателот Ердоган ќе има повеќе да понуди на Синан Оган,- Хакан Акбас – Политички аналитичар.
Економската политика, трошоците за живот и инфлацијата, како и владиниот одговор по разорниот земјотрес кој ја погоди Турција беа главни теми за време на кампањата. На изборите во Турција се гласаше и во Македонија, а според резултатите објавени од турската изборна комисија, во водство е Киличдароглу со 52 проценти, за разлика од Ердоган кој освоил 35 проценти од гласовите. Трет пак, е националистичкиот кандидат Синан Оган со 8 проценти.