Нова страница за информации

Една условна и четири затворски казни под 3 години за петмина обвинети за лажните пасоши

Денеска во Кривичниот суд стартуваше судењето за случајот „Двојник“, односно за нелегалното издавање на пасоши на странски државјани. По признанието на вина на петмина од обвинетите, по кратка пауза, беше донесена и пресуда.

Посредникот, Раиф Мифтари, кој беше во бегство, но се предал минатата недела, доби казна од 2 години и три месеци.

Останатите четворица обвинети, кои се вработени во МВР, исто така добија казни над две години, а еден условна. Поточно, Денис Баруфи е осуден на две години и седум месеци, Ален Личина на две години и три месеци, Ѓорѓе Велков на две години и Фарук Биља доби шестмесечна условна казна.

Обвинетите се гонат за кривичното дело 353 став 1, за кое е запретена највисока казна од три години.

Обвинетите Фарук Буки, Весна Колевска, Оливера Софрониевска, Бранислава Владичевска и Шемседин Јашари, рекоа дека не се чувствуваат виновни за делото кое им се става на товар, по што постапката за нив беше раздвоена и продолжува на 7 мај годинава. Додека пак судот ја раздвои постапката против обвинетата Наздрие Зековиќ, која од здравствени причини не беше присутна, а која преку својот бранител преднајави признание на вина.

Случајот го води судијката Оља Ристевска, а застапник на обвинението е Спасенка Андонова.

Please follow and like us:
fb-share-icon

About Post Author

Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial