МЕДИАЦЕНТАР

Нова страница за информации

Европратениците со големо мнозинство го избраа новиот состав на Европската Комисија

Европскиот парламент со огромно мнозинство гласови го одобри новиот состав на Европската комисија, предводен од претседателката Урсула фон дер Лејен.

Европратениците гласаа за новите еврокомесари со 461 гласови за и само 157 против. 89 пратеници се воздржаа од гласањето.

61-годишната германска демохристијанка е првата жена претседател на Европската Комисија и во денешното обраќање во европскиот парламент подвлече дека нејзиниот тим ќе и овозможи нов старт на Европа, со фокус на климатските промени.

“Немаме веќе време за трошење во борбата против климатските промени. Колку побргу Европа се придвижи, толку поголема ќе биде предноста за нашите граѓани, нашата компетитивност и нашиот просперитет. “Европскиот зелен договор” е задолжителен за здравјето на нашата планета и нашите луѓе и за нашата економија” – изјави новата претседателката на ЕК, Урсула Фон дер Лејен.

Фон дер Лејен, поранешна министерка за одбрана и долгогодишен близок сојузник на канцеларката Ангела Меркел, вети дека ќе предводи европска комисија составена од подеднаков број мажи и жени.

Нејзината конечна листа од 27 комесари има 12 жени, по повеќенеделни расправии околу кандидатите во европскиот парламент.

Фон дер Лејен оцени дека е направен вистински напредок во прашањето на родовата рамнотежа, но и дека се уште треба да се направи повеќе.

Обединетото кралство нема да има еврокомесар иако се уште не ја напушти Европската Унија. Дер Лејен потенцираше дека таа го подржува останувањето на Британија во унијата а со овации беше поздравена и нејзината забелешка за пратениците од партијата за Брегзит.

“Сите знаеме дека една членка на нашето семејство планира да ја напушти нашата унија. Огромно мнозинство во овој парламент се чини дека е многу среќно дека многу, многу, многу мала група во овој дом веќе нема да може да ракоплеска толку гласно” – забележа Дер Лејен.

Новиот состав на европската комисија ќе започне со својата работа на 1-ви декември, еден месец подоцна од првичниот план.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial