ЕВЕ КОЛКАВА БИЛА ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА ЗА МЕСЕЦ ОКТОМВРИ
За месец октомври, просечната месечна нето-плата по вработен е 27.899 денари. Тоа е покачување за 8,4% во однос на истиот месец лани, за 2.173 денари. Дополнително, споредено со месец септември истата е повисока за 1,8 отсто, или за 494 денари, објави денеска Државниот завод за статистика.
Може да се забележи дека има пад во петте најплатени професии, освен во ИТ-секторот, кој бележи пораст од 9,7 процентни поени во однос на истиот месец минатата година. Платата во секторот компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности изнесува 66.831 денари.
Според ДЗС, зголемувањето на просечната нето плата, се должи, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите здравствената и социјалната заштита, потоа уметност, забава и рекреација и преработувачка индустрија.