МЕДИАЦЕНТАР

Нова страница за информации

Државен завод за статистика: Просечната нето плата во септември била 27.405 денари

Просечната нето-плата во септември оваа година изнесувала 27.405 денари што е за 7,7 отсто повисока во однос на истиот месец лани, додека просечната бруто плата изнесувала 40.913 денари и повисока е за 8,2 отсто.

Според податоците на Државниот завод за статистика, зголемувањето се должи, пред сè, на повисоката просечна месечна исплатена нето плата по вработен во секторите уметност, забава и рекреација за 10,6 отсто, во преработувачката индустрија за 10,2 отсто и во дејностите на здравствена и социјална заштита за 10 отсто.

Намалување на просечната месечна исплатена нето плата, во однос на претходниот месец има во секторите земјоделство, шумарство и рибарство за 7,1 отсто, уметност, забава и рекреација за 6,4 отсто и трговија на големо и на мало, поправка на моторни возила и мотоцикли за 3,2 отсто.

Зголемување на исплатената бруто плата се должи на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите преработувачка индустрија за 10,7  отсто, уметност, забава и рекреација за 10,6 и дејности на здравствена и социјална заштита за 10,2 отсто.

Намалување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите уметност, забава и рекреација за 6,4 отсто, земјоделство, шумарство и рибарство за 5,4 и трговија на големо и на мало, поправка на моторни возила и мотоцикли за 2,9 отсто.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial