Нова страница за информации

До крајот на ноември ќе биде комплетно реконструиран патот Гостивар – Кичево

Последната нереконструирана делница од патот Гостивар – Кичево ќе биде готова во текот на ноември. Трасата од Здуње до Гостивар е со должина од 4,6 километри, за чија обнова од Јавното претпријатие за државни патишта имаат издвоено 520.000 евра.

Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Зоран Китанов, денеска извршија увид во реконструкцијата на оваа делница. Тие информираа дека во наредните десет дена ќе биде комплетно затворен за користење патот меѓу Здуње и Гостивар, со цел побрзо да се постави нов асфалт на овој патен правец.

Во изминатиов период беше извршена етапна реконструкција на патот меѓу Гостивар и Кичево, а беа санирани и мостовите долж оваа траса.

Министерот Горан Сугарески посочи дека активно се работи на изградба и реконструкција на патната мрежа во земјава.

– Досега изградивме и реконструиравме 770 километри патна мрежа со вкупна вредност од преку половина милијарда евра. Годинава ќе ја завршиме со преку 500 километри реконструирани патишта, од кои најголем дел биле заборавени и не беа реконструирани со децении – изјави министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial