Нова страница за информации

Дискусијата за идната Влада искористена и за партиски и лични препукувања

Коалиција на лагата која ќе има најкраток мандата во историјата на земјата. Вака опозициската ВМРО-ДПМНЕ го пречека експозето на мандатарот Зоран Заев за идната влада. Откако го ислушаа обраќањето на Заев и го испрати со „уа“ од говорницата, опозиционерите не штедеа на зборови за да го искажат своето негативно мислење за програмата на идната влада. Александар Николовски беше прв од ВМРО-ДПМНЕ кој што на мандатарот и предложените министри им порача дека немат капацитет да донесе промени во земјата.

„Македонија скапува во корупција, тоа е тажната вистина за Македонија. Корипцијата ја има од најниско до највисоко ниво и овој предлог за влада нема капацитет да се избори со истото, затоа што треба да почне од себе. Ако тоа не го направија во изминатите три години, не гледам ние дан причина зошто би го направиле тоа во следниот период. Затоа што не се способни да почнат од себе“, рече Александар Николовски, од ВМРО-ДПМНЕ.

Предложената влада Николовски рече дека е континуитет на претходната, на стари кадри, но и на кириминал и на корупција, на која и порача дека ќе биде соборена оваа есен со демонстрации на улици. Тој на Заев му забележи дека не кажал ни збор во експозето за земјоделието, дека со претходната влада оставил буџетска дупка, дека нема изградба на патишта, а борбата со ковид кризата дека се користи само за личен ПР.

Во сличен манир и Антониот Милошоски го обивни Заев за лага забележувајќи му дека ветува инвестициски и економски напредок, а не предвиде ресор за привлекување на странски инвестиции.

„Оваа влада во слендиот период ќе биде влада на големи економски разочарувања“, рече Антониот Милошоски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

Честа на идната влада и мандатарот од говорницата ја бранеше Дамјан Манчевски, кој рече дека по 30 години чекање горливите прашања се решени и конечно ќе може владата да се посвети на секојдневните прашања на граѓаните.

„Во кампањата бев вклучен тука во ИЕ1. Немав многу време да следам што говорат другите, па и премиерот, односно мандатарот Заев. Два збора кои што редовно ги повторуваше во неговите говори – економија правда – економија, правда – економија правда. Тоа е тоа што ќе се случува четири години“,  и порача Дамјан Манчевски, пратеник од СДСМ.

Но освен дискусија за идната влада дискусијата беше искористена и за лични и партиски препукувања.

„Колега Манчевски во вашиот познат ироничен стил, очигледно дека се уште живеете во таа важа фантазија елитистичка. Ќе почнам од последното: ’ха, рендо е да имате контакт со граѓаните’. Вие мислите дека вие како партија имате контак со граѓаните?“, го праша Манчевски Благица Ласовска, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

„Кога го гледам овој довчерашен министер, а сегашен пратеник како живчано благоглаголи морализира, си викам тој ли е истиот што еден регистар за јавни службеници и чиновници не успеа да направи во негивиот мандат“, реферираше на Манчевски, Димитар Апасиев од Левица.

„Треба да ве потсетам во што ја претворивте јавната администрацаиј, во што го претворивте судството и обвинителството, на ко ешто не обезбедувавте ниту ресурси, а ги злоупотребувавте кадрите. Е тоа нема да се случи и тоа вас не ви одговара“, и порача на опозицијата, Снежана Калеска – Ванчева, пратеник од СДСМ.

И ако до паузата во 14 часот дебатата се водеше меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, во попладненвиот дел од дебатата се вклучија пратениците од коалицијата на Алијанса за Албанците и Алтернатива кои ги обвинија ДУИ дека и по толку години на власт тие малку направиле за Албанците во земјава, по што им реплицираа  пратениците од ДУИ.

За збор на седницата за избор на новата влада за која треба да се гласа надоцна до утре на полноќ пријавени се 20-на пратеници.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial