Денеска земјотреси во Хрватска и Босна и Херцеговина
Денеска во 12:06 часот е регистриран посилен потрес кај Петриња во Хрватска. Според Европско- медитеранскиот сеизмолошки центар, земјотресот бил со јачина од 3,6 степени според Рихтеровата скала.
Епицентарот на земјотресот во близина на Петриња, каде се уште тлото не е смирено од неколкуте силни земјотреси во изминатите недели.
А утрово во 3:50 часот земјотрес со јачина од 3 степени според Рихтеровата скала регистриран е и во Босна и Херцеговина. Епицентарот на земјотресот бил на 38 км југоисточно од Мостар.
Ве молиме следете не и стиснете лајк: