Денеска во ОН прва средба меѓу Заев и Мицотакис
Премиерот Зоран Заев, денеска во рамките на Генералното собрание на ОН во Њујорк ќе се сретне со грчкиот премиер, Киријакос Мицотакис.
Тоа ќе биде прва средба на двајцата премиери откако Мицотакис застана на чело на владата во Атина.
Во рамки на посетата на ОН, се очекува Заев да се сретне и со генералниот секретар на Организацијата, Антонио Гутереш.
Ве молиме следете не и стиснете лајк: