МЕДИАЦЕНТАР

Нова страница за информации

Дебата за депонирање на отпадот од Охис во Општина Кисела Вода

Вчера, во просториите на Општина Кисела Вода, беше одржана информативна средба на тема “Отстранување, дислоцирање, уништување и дислоцирање на хемиски материи од локации и производни погони во кругот на АД ОХИС во стечај”.

Дебатата беше организирана од градоначалникот Филип Темелковски и Советот на Општина Кисела Вода, кои на овој начин сакаа да дадат свој придонес во справувањето со овој горлив проблем кој најмногу ги засега жителите на Општина Кисела Вода, каде е лоцирана фабриката АД ОХИС. Здруженијата на граѓани, жителите на општината и медиумите имаа можност да постават прашања и да добијат одговори од надлежните институции.

Присутни беа претставници од Друштвото за собирање и примарна преработка на отпадоци извоз-увоз Екоцентар 97 ДООЕЛ, претставници од  Државниот инспекторат за животна средина, од Град Скопје, како и стечајниот управник на АД ОХИС.

Ова нема да биде единствен настан на оваа тема кој е поврзан со ова прашање. Општина Кисела Вода и понатаму ќе продолжи во своите заложби за обезбедување на здрава животна средина за своите граѓани.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial