МЕДИАЦЕНТАР

Нова страница за информации

Двајца лекари се тестираат на коронавирус-биле на конгрес каде имало заболен предавач

Двајца лекари кои биле на конгрес во Мадрид ќе бидат тестирани и ставени во изолација бидејќи еден од предавачите бил заболен од коронавирус, информира денеска министерот за здравство Венко Филипче.

„Бевме известени дека двајца наши доктори биле во Мадрид на конгрес каде што еден од предавачите бил заболен од коронавирус. Според кажувањата тие немале контакт со предавачот, а и времето од еден и пол ден е малку за да постои опасност да биде пренесен вирусот. Сепак, тие ќе бидат тестирани и ставени во изолација 14 дена“, изјави министерот Филипче.

Тој информира дека нема нови случаи кои се испитуваат. Пациентката кај која беше утврден вирусот е добра и веќе трет ден нема температура. Таа се лекува на Инфективната клиника каде е сместена во изолација.

Филипче потенцира дека засега тестови има доволно, блузу 1000 . Во текот на викендот пристигнале 10. тина автобуси од Италија, сите патници биле испрашани и никој од нив немал симптоми, ниту бил во контакт со некој заболен.

Но, училиштата се уште немаат средства за дезинфекција. Филипче рече дека постапката за итна набавка се отвора денеска и најверојтно до крајот на неделата овие средства, во зависност од брзината на набавувачот, ќе ги има во училиштата.

Министерот нагласи дека контролите во аптеките не се завршени, па не може да каже што е најдено, односно дали аптеките ги зголемиле цените на заштитните и хируршките маски, како и средствата за дезинфекција. Во ситуација на недостиог на метанол, може да се земе и исопропол кој има ист ефект за дезинфекција, а го има во аптеките, порача Филипче.

Во однос на препораката да не се оддржуваат јавни собири, тој рече дека доколку нема нови случаи и ситуацијата биде стабилна, мерката после 6 март ќе биде укината.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial