МЕДИАЦЕНТАР

Нова страница за информации

Двајцата сопружници кои се вратија од Занзибар го имаат британскиот сој на ковид-19

Анализите направени во лабораторијата во МАНУ покажаа дека двајцата сопружници кои се вратија од патување во Занзибар и се ковид-позитивни го имаат британскиот сој на вирусот. Засега, во земјава сè уште не е потврдено дека јужноафриканската варијанта е присутна.

„Според анализите што денеска ги направи МАНУ на брисот од другиот пациент кој пред неколку дена се врати од Занзибар, детектирано е присуство на британскиот сој на вирусот СарсКов2“,

информираат денеска од Министерството за здравство.

Вчера, од Министерството информираа дека и брисот од другиот патник покажал дека го има британскиот сој на вирусот.

Сопружниците битолчани, по двенеделен одмор во Занзибар, се вратија во земјава и откако развиле симптоми и се тестирале на коронавирусот се покажало дека тие се позитивни. Двајцата се хоспитализирани, мажот во Центарот за дијализа во Струга, а жената во ГОб „8 Септември“ во Скопје.

Комисијата за заразни болести на вчерашната седница донесе одлука да предложи задолжителен двонеделен карантн за сите граѓани кои се враќаат од африканските земји.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial