МЕДИАЦЕНТАР

Нова страница за информации

Да сфатиме дека нема повеќе време, порача Предраг Кон

Порака до државата, но и до секој поединец, упати епидемиологот и членот на Кризниот штаб на Србија, Предраг Кон. 

Тој објави порака на својот профил на Фејсбук со која предупредува дека повеќе нема време.

„Што може државата да направи? Да сфати дека нема повеќе време…Што може поединец да направи? Да избегнеме заразување. Што можат здравствените работници да направат? Да издржат. Мораме да го забавиме вирусот. Мораме да го запреме вирусот и неговиот пренос, тоа може така што ќе се скарат контактите, а тоа е повторно можно само со новите мерки. Не се донесени мерки. Претседателката на Владата рече дека добро не слушна и дека уште ќе размислува. Сега сме се уште на некакво премислување“, пишува Кон.

Србија урива рекорди со бројот на заразени. 

Во Белград скоро и да нема место во болниците. 

Земјата го врати полицискиот час за да го спречи ширењето на вирусот. 

Според најновите податоци, во Србија се регистрирани 3.822 новозаболени, а починаа 17 луѓе. 

Во сите балкански земји има многу високи бројки на заразени. 

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial