МЕДИАЦЕНТАР

Нова страница за информации

ДА НЕ СЕ ЛАЖЕ ДУИ, СДСМ И БЕСА ЌЕ ПОБЕДАТ ВО ШЕСТАТА ИЗБОРНА ЕДИНИЦА, РЕЧЕ ЗАЕВ

Коалицијата СДСМ и Беса ќе биде победник во шестата изборна единица, а не ДУИ, рече претседателот на СДСМ Зоран Заев. Одговарајќи на новинарско како ја коментира изјавата на вицепремиерот Бујар Османи дека новата коалиција е спротивна на интересите на Албанците во земјава, Заев кажа дека со мултиетничката коалиција донесена е историска одлука.

„Да не го лаже паметот ДУИ, коалицијата СДСМ и Беса ќе биде победник на изборите. Во шестата изборна единица ние ќе бидеме победници, а не ДУИ. Очекувам и другите партии да се менуваат и реформираат, ако се менуваат ќе бидат партнер во новата влада која ќе ја направиме како победници на изборите“, рече Заев на прес-конференцијата во седиштето на СДСМ за економската програма на партијата.

Прашан дали мисли дека предизборната коалиција со албанска партија ќе се одрази на македонските гласови, Заев рече дека напротив очекува и поголем број гласови од Македонците затоа што покажале и изградиле разноликост.

„Видовме дека нема ништо од кантонизации, тирански платформи, дека никој не изгубил ништо, туку добивме повеќе спокој. Зар не е почесно да се излезе уште сега, пред изборите со мултиетничка коалиција и заедничка програма. Знаеме дека во минато пред изборите едно викаа ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, па после ги променија ставовите оти морале да направат влада“, рече Заев.

СДСМ и Движењето Беса вчера во Музејот на современа уметност потпишаа договор за заеднички настап на претстојните парламентарни избори на 12 април.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial