МЕДИАЦЕНТАР

Нова страница за информации

Грција ги отвори границите-Македонија остана на листата непожелни земји

Грција од денес ги отвори граничните премини за државите кои се во ЕУ на Србија и Црна Гора, но не и за македонските граѓани.

Утринава во 8 часот Грција ги крена рампите за туристите на ГП Евзони, но по неколку часа рампите повторно се спуштени и сите туристи се враќаат назад. 

Туристите ја поминале македонската граница, а биле вратени од Евзони. Незадоволни велат дека ги поседуваат сите документи, па дури го пополниле и формуларот кој е задолжителен, но сепак биле вратени назад.

Граѓаните коишто требале да извршат излез од Македонија кон Грција не биле запознаени со новите протоколи на грчките власти, така што од ГП Богородица-Евзони ќе се упатат кон Бугарија со цел од таму да влезат во Грција.

Евзони е повторно затворен до 15 јули, поради наредба од грчките власти и сообраќајот на овој премин е дозволен само за грчки граѓани и товарен сообраќај.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial