МЕДИАЦЕНТАР

Нова страница за информации

Грета преку „Твитер“ му одговори на Путин

По американскиот претседател Доналд Трамп, пратеникот од Канада, Максим Берни, и Џереми Кларксон, и Владимир Путин ја критикува Грета Тунберг, но младата активистка не му остана должна.

Исто како што го смени описот на „Твитер“ кога му одговори на Трамп, сега тоа го стори и на рускиот лидер.

Имено, за време на седницата на Енергетскиот форум во Москва, рускиот претседател во еден момент го спомена страсниот говор на 16-годишната велејќи дека тие не делат заедничка возбуда и дека е лошо информирана, пренесува Indy100. #GretaThunberg https://on.rt.com/a2pi

„Никој не ѝ објаснил на Грета дека современиот свет е сложен и поинаков и дека луѓето во Африка и многу азиски земји сакаат да живеат на исто ниво на богатство како во Шведска. Сигурен сум дека Грета е љубезна и многу мила девојка, но возрасните треба да сторат сè за да не ги доведат тинејџерите и децата во некои екстремни ситуации“, рече Путин.

Коментаторите на социјалните мрежи, генерално, не беа импресионирани од неговиот остар обид за дискредитација на 16-годишната активистка. Наместо да му одговори на Путин, Грета го промени описот на „Твитер“

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial