Граѓаните во Вухан се куражат – издржи, бројот на починати од новиот вирус во Кина достигна 106

Градот Вухан, со 11 милиони жители, каде што е регистриран првиот случај на заболен од коронавирусот, веќе шести ден е под карантин. Жителите на Вухан кои деновите ги поминуваат затворени во своите станови синоќа излегоа на своите прозори и во знак на солидорност едни кон други извикуваа „Вухан јиау“, што во слободен превод би значело „продолжи“, „остани внатре“ или „издржи“. Порака која вообчиаено се разменува во прилики кога се сака да се истакне упорноста и одлучноста.
28-годишниот Американец Дог Перез, кој работи како наставник во англиски јазик во Вахун вели дека останува тука поради сопругата Кинескиња која нема американско држајанство и поради неговото домашно милениче. Но и покрај упорноста сега е соочен со можен недостиг на храна.
- Работите изгледаат навистина лошо и се уште е лошо. Тоа е она што ме загрижува. Знаете денеска требаше да ни стигне некја храна но, не стигна. Значи, тоа е една пропуштена достава, се надевам дека ќе стигне утре. Но, ако не дојде утре, ние сме пред донесување на тешка одлука. Да излеземе и да се обидеме да набавиме храна, ризикувајќи од инфекција или да ја чекаме испораката?, се прашува Дог Перез, Американец во Вахун.
Американскиот Центар за контрола и спречување болести издаде предупредување за патување од трето ниво, наведувајќи дека треба да се избегнува секое патување во Кина кое не е неопходно. Притоа се посочува дека кинеските власти воведоа карантин и го ограничуваат патувањето низ земјата.
Од коронавирусот во Кина досега починаа 106 лица, а се заразени околу 4.500, од нив 125 од нив се во тешка состојба. Пикот на ширешето на коронавирусот се очекува да биде на 8 февруари, пред да започне бројот да опаѓа, велат здравствените власти.
Берзите во Шангај и Шенжен се празни, тргувањата со акции се запрени, компаниите се блокирани. Надлежните објавија соопштенија дека паузата ќе трае до 3 февруари, односно се продолжува лунарниот новогодишен празник пради ширењето на инфекцијата. Последен ваков пустош на берзите беше забележан во 2003 тодина, кога кинеската берза ги продолжи за четири дена првомајските празници за да се спречи ширењето на вирусот САРС.
И учениците и студентите чекаат на дополнително известување кога ќе започне второт полигодие, бидејќи вчерашното соопштение за прекин до 2 февруари е пролонгирано за понатаму.
Кинеските власти ги повикаа сите Кинези да избегнуваат да патуваат во странство во обид да го запре ширењето на новиот коронавирус. Јапонија и Јужна Кореја со чартер лет од Вухан ги враќаат дома своите граѓани.
Во Хонг Конг синоќа огромен број жители ставија свој потпис и се заканија со протести против одлуката на нината влада за отворање Центар за третман на заразени од коронавирусот.
Еквадор, Kамбоџа и Германија веќе ги потврдија првите случаи на коронавирусот.
Во меѓувреме белгиските експерти од Католичкиот универзитет во Лувен веќе работат на вакцина против коронавирусот врз основа на веќе постоечки вакцини, имаат изработено технологија базирана на вакцината против жолтата треска и која може лесно да се реплицира за да се добие нова вакцина против коронавирусот, објаснуваат научниците од виролошкиот оддел.