Во четврток оставките ќе бидат депонирани во Собранието, во петок ќе се бира новиот претседател на законодавниот дом
![](https://mediacentar.mk/wp-content/uploads/2019/09/sobranije-1024x542.jpg)
Ковачевски, Џафери и дел од министрите в четврток ќе ги депонираат своите оставки, в петок на местото на Џафери во собрание како прв меѓу еднаквите ќе седне координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митревски а во недела ќе се гласа новата техничка влада.
И додека траат превирањата и обвинувањата меѓу власта и опозицијата за тоа дали и кој ќе ја гласа откако опозициската ВМРО-ДПМНЕ веќе посочи дека нема да го гласа Џзафери како мандатар премиерот Ковачевски и денеска со порака дека се уште има време до недела да се завршат формалностите и гласањето, но како што порача законска обврска на политичките партии од власта и опозиција е да предложат свои кандидати и да ја поддржат техничката влада во Парламентот.
Во меѓувреме и денеска од опозициската ВМРО-ДПМНЕ велат дека чекаат мандатарот да предложи министри за секое министерство согласно законот за влада, а како што велат до крајот на неделата ќе ги соопштат нивните предлози.
Роковникот во однос на активностите на собранието останува непроменет соопштија денеска од кабинетот на Џафери по координацијата која ја имаше со политичките партии и посочија дека нема да ги коментираат ставовите на политичките партии кои секојдневно доаѓаат од партиските седишта.