Нова страница за информации

Во Србија 411 новозаразени и 8 починати, сè повеќе лекари бараат оставка од Кризниот штаб

Во последните 24 часа во Србија се регистрирани 411 нови случаи со ковид-19 од 9 349 тестирани лица, како и осум смртни случаи.

Од почетокот на пандемијата, коронавирусот кај северниот сосед е потврден кај 23 263 лица, а бројот на починати изнесува 526.

Додека ситуацијата со коронавирусот не стивнува, сè повеќе лекари се приклучуваат на прогласот „Обединети против ковид“. Според извештаите во српските медиуми, досега се приклучиле речиси 2 500 лекари.

Со овој проглас се бара смена на Кризниот штаб поради неуспешно справување со корона-заразата и наводите за лажно претставување на бројот на заразени. Првично зад ова застанаа 350 лекари, но бројката секојдневно продолжи да расте.

Лекарите бараат да ѝ се објасни на јавноста кој управува со официјалниот портал каде се објавуваат податоците за ковид, како и да се организира веродостојно утврдување на бројот на заразени и починати лица, како меѓу популацијата, така и меѓу здравствените работници.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial