МЕДИАЦЕНТАР

Нова страница за информации

Во САД почна последната фаза од тестирањето на вакцината против Ковид-19

30 илјади доброволци се дел од последната и клучна фаза во клиничките тестирања за вакцината против корона вирусот кои почнаа во САД.

Фармацевтската компанија Модерна, со поддшка од американската влада, за првпат ќе се обиде да создаде вакцина против корона вирусот. Со оглед на тоа што во американските држави болеста се шири со неверојатна брзина, бројот на оние кои се пријавиле за последното тестирање, за докторите е одлично.

Никогаш не сме виделе нешто слично. Можноста да сте дел од ова, во надеж дека ќе се пронајде вакцина е големо, вели Мелиса Хартинг, учесничка во студијата.

Многу малку можеме да сториме во борбата со овој вирус. Со тоа што учествувам во ова истражување имам чувство дека правам нешто, и ме тера да се чувствувам подобро за она што се случува и придонесувам, Џенифер Халер, исто така учесничка во студијата.

Учесниците не знаат дали ја примаат вистинската вакцина, или плацебо. Со истражувањето се проценува безбедноста на вакцината, како и можноста со две дози да се спречи ширењето на Ковид-19. Се бара и одговорот дали може да се спречи и смртта од последиците на коронавирусот. Создавањето на вакцината против коронавирусот е ставено на брза лента, а компанијата Модерна најави дека првите дози ќе може да ги произведе во септември или до крајот на годината. Потребно е само да заврши оваа последна фаза која е најклучна, бидејќи станува збор за голема група на луѓе.

Кога ќе ја спроведеме кај голема група луѓе, можеме да ја видиме ефикасноста на вакцината, како и нејзината сигурност. Кога ќе го поминеме ова тестирање, можеме да преминеме на пошироката јавност и всушност масовно производство и употреба кај популацијата, вели д-р Френк Едер, кличнички истражувач.

Америка се уште брои по илјада жртви од корона вирусот дневно, а според здравствените експерти предвидуваат дека наредниве месеци ќе имаат уште поголем број на загубени животи. Не преостанува ништо, освен развојот на ефикасна вакцина, бидејќи се поголем број на заболени се младите под 30 години.

Освен компанијата Модерна, до крајната фаза на тестирањето на вакцината кај луѓе е и британско-шведската компанија Астра Зенека, која ќе ја произведува вакцината за европските држави. Со доаѓањето на летото, светот е во екот на брзо ширење на пандемијата. Европските држави се принудени повторно да ги зајакнуваат мерките, откако шпанските туристички региони се претвораат во нови жаришта.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial