МЕДИАЦЕНТАР

Нова страница за информации

Во Кривичен продолжи судењето за Ласкарци

The investigators investigate the wreckage of a bus,in village of Laskarci near Skopje, North Macedonia, on 14 February 2019. According to officials, 14 people died and at least more than 20 were injured after a bus rolled over on the Skopje-Tetovo highway.

Во Кривичниот суд продолжи судењето за случајот Ласкарци. На денешното рочиште, адвокатите на обвинетите поставуваа прашања до градежниот вештак. Прашањата беа претежно од технички карактер, за македонските и европските стандарди во поставувањето на оградата на автопатот Тетово – Скопје и нејзиното одржување од проектирањето во 1998 година.

Градежниот вештак рече дека заштитната ограда не била соодветно поставена за да може да издржи тежина која што ја има еден автобус и со тоа  да се избегне превртувањето на автобусот во провалијата.  Дополнителен проблем за несреќата била брзината со која се движел автобусот на Дурмо – турс. Од друга страна, вештакот не се согласи со одбраната дека на секое небезбедно место кое се граничи со провалија треба да има поставено бетонска ограда.

По испрашувањето на вештакот, обвинителството ќе продолжи со изнесување на докази. Во тешката сообраќајна несреќа кај Ласкарци што се случи пред една година, починаа 16 лица, а 37 беа повредени.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial