МЕДИАЦЕНТАР

Нова страница за информации

Во Египет најдени 27 запечатени саркофази постари од 2.500 години (ФОТО+ВИДЕО)

Археолози во пустинската некропола Сакара во египетска Гиза открија вкупно 27 запечатени саркофази чија старост ја провенуваат на повеќе од 2.500 години, соопшти египетското министерство за туризам и антиквитети.

Функционери на министерството потсетија дека пред една недела беа откриени 13 одлично зачувани сакрофази, а потоа во петокот беа најдени уште 14 и дека станува збор за едно од најголемите откритија од тој вид.

Станува збор за запечатени саркофази кои досега никој не ги отворал, а археолозите ги нашле во три одвоени запечатени ниши на длабочина од 11 метри.

На објавените фотографии се гледа дека се одлично зачувани и дека на некои е добро зачувана оригиналната боја на дрвото со шари и хиероглифски знаци. Покрај нив се најдени разни предмети кои ќе го разјаснат статусот на мртвите и ќе овозможат податоци за нивниот имот и општествено влијание, иако засега идентитетот на умрените останува непознат.

Се верува дека Сакара служела како некропола на главниот град на древен Египет, Мемфис.

Египќаните во текот на 3.000 години таму ги погребувале своите мртви. Но, на тоа место не биле погребувани само благородници туку и граѓани од средната и работничката класа.

Сакара се наоѓа околу 25 километри јужно од пирамидите на платото Гиза, а таму е познатата скалеста пирамида на фараонот Зосер, прва од фараонската ера.

Споменикот кој околу 2700 година пред новата ера ја изградил архитектот и архивист Имхотеп се смета за еден од најстарите во светот.

Во меѓувреме египетското министерство за туризам и антиквитети најави серија промотивни видеа за ова откритие, обидувајќи се повторно да ја заживее лошата туристичка сезона во земјата, дополнително ослабена од пандемијата на коронавирусот.

Египетската влада музеите и културните знаменитости за посетителите повторно ги отвори на 1 септември.

Овој клучен сектор за египетската економија во 2019 година достигна рекордни 13,6 милиони посетители, пред коронавирусот да оневозможи посети на странски туристи.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial