Нова страница за информации

Во Гостивар заразен медицински персонал, во Тетово турканиците пред банките

Четворицата заразени кои се дел од медицинскиот персонал не ја загрозуваат работата на болницата во Гостивар. Директорот, Јакуп Јакупи, соопшти дека биле тестирани уште шест здравствени работници и оти се бара нивна замена. Болницата работи со намален број на примени пациенти.

„Континуирано се преземаат мерки зависно од потребите и така се организира работата на болницата. Ве информирам дека работата е организирана во групи и во случај еден од групата да биде позитивен, целата група оди во домашна изолација, а работата ја продолжува другата група. Тоа е така за да не дозволиме во никој случај да затвориме некој оддел во болницата“, рече Јакуп Јакупи, директор на болницата во Гостивар.

Кризниот штаб на трите општини, Гостивар, Маврово и Врапчиште смета дека ситуацијата во овој регион е сериозна.

„Моменталната состојба во Гостивар е стабилна, но сериозна“, рече  Арбен Таравари, градоначалник на Гостивар.

И во Тетово се зголемува бројот на заразени. Со новите четири случаи вкупниот број се искачи на 37. Градоначалничката Теута Арифи бара банките да работат со скратено работно време за да се намалат гужвите.

„Апелираме уште еднаш, сите граѓани кои биле во контакт со заразени лица со Ковид-19 и лицата кои се вратени од странски држави да одат во изолација и ако имаат симптоми да се јават кај матичен лекар за да се тестираат“, изјави Арифи.

Во последните 24 часа во полошкиот регион полицискиот час го прекршиле вкупно 7 лица.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial