МЕДИАЦЕНТАР

Нова страница за информации

ВМРО-ДПМНЕ го чека исходот од преговорите на Заев

ВМРО ДПМНЕ ќе го чека исходот од преговорите на Зоран Заев за да состави нова влада. Според нив, други партии сега треба да ја уверат јавноста дека имаат мнозинство. Од ВМРО ДПМНЕ објаснуваат дека сите опции во наредниот период се отворени.

Во однос на позицијата на ВМРО ДПМНЕ, морам да истакнам дека веќе е јасно кој го узурпираше мандатот во раце и кој го има мандатот да се обиде како што вели, да состави нова влада. Но, морам да истакнам дека и во ВМРО ДПМНЕ сите опции се отворени во наредниот период и секако ќе го следиме периодот на преговори кој што ќе го предводат партиите и согласно како ќе има нови моменти ние ќе известуваме во јавноста“-рече Димче Арсовски, ВМРО – ДПМНЕ.

ВМРО ДПМНЕ веќе ги замрзна односите со претседателот Стево Пендаровски, откако шефот на државата мандатот за состав на влада му го даде на Зоран Заев. Инаку партијата беше на средба со Пендаровски вчера. Побараа појаснување како претседателот му го дал мандатот на лидерот на СДСМ без притоа тој да гарантира дека обезбедил парламентарно мнозинство.

По средбата, Христијан Мицкоски изјави дека Пендаровски противуставно го доделил мандатот и дека Пендаровски со тоа покажал дека е само пион на Зоран Заев. Но, Пендаровски возврати дека мандатот не може да го чува во фиока и дека Уставот му налага да го даде во рок од десет дена откако ќе се верификуваат мандатите на новите пратеници. Дополнително, шефот на државата порача дека доколку Заев не успее да состави влада во наредните дваесет дена, мандатот ќе му го даде на Мицкоски, кој пак тврди дека истиот ќе го земе само доколку обезбеди 61 пратеник.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial