МЕДИАЦЕНТАР

Нова страница за информации

ВМРО -ДПМНЕ ги комплетираше кандидатските листи за претстојните парламентарни избори

Само седумина од актуелните пратеници на ВМРО-ДПМНЕ добија доверба од лидерот Мицкоски да се најдат на кандидатските листи за изборите на 12-ти април. 

Со голем број на нови имиња кои за првпат влегуваат во изборната трка, и ВМРО ДПМНЕ ги комплетира кандидатските листи за претстојните парламентарни избори. Лидерот на партијата Христијан Мицкоски и официјално ќе биде само шпицен кандидат, а синоќа по одлуките на извршниот и централниот комитет го соопшти целосниот состав на кандидати од шестте изборни единици.

Во единицата, носител ќе биде Гордана Силјановска, а на втората позиција Тимчо Муцунски. Владо Мисајловски ќе ја предводи двојката со Рашела Мизрахи. Во третата изборна единица Игор Јанушев, а под него Иван Јорданов. На врвот на четвртата ИЕ, Александар Николоски и Ане Лашкоска. Во петката довербата за носител ја доби Игор Дурловски, со Антонио Милошоски на втората позиција. И во шестата единица Дафина Стојаноска и Александар Велјановски.

Според Мицкоски, ова е тим што на 12ти април ќе и донесе победа на ВМРО ДПМНЕ.

На листите се најдоа многумина непознати имиња на политичката сцена, но најмногу реакции во јавноста предизвика Сафет Бишевац, поранешен новинар и пратеник од 2011 до 2014-та како дел од листата на СДСМ, сега 9-ти во првата изборна единца на листата на ВМРО-ДПМНЕ.. Бишевац за Канал5 вели дека никогаш не бил член на СДСМ и ќе продолжи со критики кон актуелната владејачка партија бидејќи, како што вели, не се согласува со уништување на системот на интитуциите.

Од поистакнатите досегашни пратеници, видливо е отсуството на листите на Илија Димовски и Влатко Ѓорчев…

Од досегашниот пратенички состав пак, повторно на листите се најдоа Никола Мицевски, Јохан Тарчуловски, Ане Лашкоска, Жаклина Пешевска, Благица Ласовска….

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial