Нова страница за информации

Владата ќе му помага на туризмот: Еве што ќе содржи четвртиот пакет мерки за нив

Во четвртиот пакет мерки со цел поддршка на туризмот ќе се вклучат и мерки кои ќе важат искучиво за туристичките агенции како најпогодени во оава здравствена криза. Премиерот Зоран Заев на социјалните мрежи ги објави мерките со кои ќе им се помогне на туристичките агенции:

-Поддршка со плати за туристичките водичи – на 150 регистрирани туристички водичи за октомври, ноември и декември, ќе им биде исплатена минимална бруто плата во висина 21.776 денари, во вредност до 160.000 евра. -Поврат на туристичката такса за 2019 година – на 4.740 субјекти кои организирале ноќевања во 2019 година, ќе им бидат вратени 2 милиони евра, колку што изнесува вкупниот износ на туристичката такса инкасирана во таа година.

-Грантови за туристички агенции – за 500 туристички агенции обезбедени се грантови во висина од 3.000 до 7.000, во вкупна вредност од 1,9 милиони евра, во зависност од бројот на вработени, од вкупниот промет во 2019 година и од тоа дали се носители на А или Б лиценца. Сето ова има за цел да обезбеди закренување на економските дејности, посебно турирзмот како најпогодени.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial