Нова страница за информации

ВЛАДАТА ЗАБРАНИ ВЛЕЗ НА СТРАНСКИ ДРЖАВЈАНИ ОД ЗЕМЈИТЕ СО ВИСОК РИЗИК ЗА КОРОНАВИРУС

Владата забрани влез во земјава на странски државјани од земјите со висок ризик за коронавирус, е една од мерките по вчерашната седница. Според листата на Светската здравствена организација, на листата со висок ризик се Кина, Италија, Јужна Кореја, Иран, Франција, Германија и Шпанија.

Влезот во државава ќе им биде дозволен на оние кои ќе достават потврда издадена од надлежен орган за спроведен карантин.

„Во случај на појава од патници на граничните премини на Република Северна Македонија од земјите со висок и среден ризик согласно листата на СЗО, истите задолжително да спроведат самоизолација“, одлучи Владата.

Забранет е и организиран меѓународен автобуски превоз (автобус, комбе, минибус и сл.) кон високоризичните земји , како и од тие земји кон државава.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial