МЕДИАЦЕНТАР

Нова страница за информации

Владата допрва ќе бара како да ја покрие дупката од 40 милиони евра

Нешто над 40 милиони евра дополнителни пари ќе се потрошат од државната каса до крајот на годината за зголемените плати во јавниот сектор и за исплатата на К-15, кои Владата и Синдикатот ги договорија вчера.

Ова ќе предизвика непланиран ребаланс, признава министерот за финансии Фатми Бесими, кој најави прекројување на буџетот веќе во септември. Нови задолжувања ќе нема, а парите ќе се бараат од кратење на други ставки, вели за Анализа министерот Бесими.

Зголемувањето ќе важи за сите во јавниот сектор, вклучувајќи ги и оние на локално ниво, но не и за функционерите кои пред три месеци добија згомеување од 78 отсто. Бесими вели дека од 2025, договориле системско решение за раст на платите, со кое вработените во јавниот сектор ќе имаат иста методологија за пресметка на плати како и функционерите. Иако Синдикатите и Владата вчера изразија задоволство од договорот, дел од независните синдикати велат дека 10 отсто е малку.

„Зголемувањето на платите во јавниот сектор за 10% од септември 2023, можеби е решение за сите сфери од јавниот сектор кои претходно добија покачување во март месец од 8-15% (во зависност од секторот), но во секторот образование решение е само целосно спроведување и почитување на колективните договори и висината која во истите е предвидена“, вели Томислав Гиевски, претседател на Независен синдикат за образование и наука.

Поради претстојното зголемување на платите и исплатата на К15, со планираниот ребаланс веќе е извесно дека сегашната позција на економски раст од 2,9 ќе се намали на околку 2,5 проценти, а инфлацијата во однос на сегашната проекција, ќе се зголеми на околу 9 отсто, како што се наведува и во новата фискална стратегија 2024 -2026.

Ве молиме следете не и стиснете лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Sekerko All rights reserved. | Newsphere by AF themes.
Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial