Борис победи, Велика Британија загуби

Изборите во Велика Британија беа натпревар во непопуларност. Исходот е дека народот најмалку го мрази Борис Џонсон и оти уште повеќе се плаши од ветувањата на Џереми Корбин, коментира новинарот на ДВ, Роб Маџ.
Да не се лажеме, сите знаевме како ќе се заврши. Но, еве мала илустрација: конзервативците последен пат славеа ваква убедлива победа во 1987 година под Маргарет Тачер која весело мавташе со чантата кон ЕУ, извикувајќи пароли како „Ги сакаме назад своите пари!“.
Овој пат сѐ се сведе на три збора – „Get Brexit Done“. Освен што Бергзит не е ниту готова работа, ниту така брзо ќе оди.
Дали знакот на времето во кој живееме се лагите, прекршените ветувања и едвај затскриениот расизам се тоа што ја претставуваат суштината на политиката: Темите како образование, криминал, бездомништво и здравствен систем, кој е на смрт – како ништо од тоа да не е важно.