Борисов: Прифаќањето на еврото е во корист на бизнисот и на Бугарите
Бугарија продолжува напорно да работи за приклучување кон еврозоната, напиша бугарскиот премиер Бојко Борисов на социјалната мрежа Фејсбук.
Неговиот коментар доаѓа по објавувањето на добрата прогноза за Бугарија од страна на меѓународната кредитна агенција „Фич“. Таа го потврди долгорочниот кредитен рејтинг на Бугарија во странска и локална валута „БББ“ со позитивна перспектива.
– Нашиот рејтинг е поддржан од силната надворешна позиција и традиционално добрите фискални параметри, како и од здравата политичка рамка како резултат на членството во ЕУ и јасната перспектива за влез во еврозоната, истакна премиерот Борисов.
Тој вети дека „бугарската Влада ќе продолжи напорно да работи на мерките за влез во чекалната на еврозоната“.
– Прифаќањето на еврото е во корист на бугарските граѓани и на бугарскиот бизнис. Исто така, тоа е фундаментално за позитивниот развој на нашата економија, тврди Борисов.
.Прогнозата на „Фич“ ја коментираше и претседателката на бугарскиот Парламент Цвета Карајанчева, која истакна на Фејсбук дека „Бугарија повеќе не е на дното на Европа“