Борисов не „падна“ во Софија, а демонстранти сакаа да го оневозможат да слета од Брисел
Не помина ниту петтото гласање недоверба за кабинетот на Борисов. Владата ја доби битката во пленарната сала, но и натаму има протести од граѓани кои бараат оставка од Борисов.
За време на гласањето, во собраниската сала присуствувале сите министри, но не и премиерот Борисов, кој учествува на заседанието на Европскиот совет во Брисел.
Дел од демонстрантите тргнаа кон софискиот аеродром за да го пресретнат при враќањето.
Да го блокираме Борисов на аеродромот се додека не си поднесе Оставка!“ е слоганот со кој тие се упатиле кон излезот од ВИП-одделот на аеродромот.
Но акцијата не била успешна бидејќи Борисов со својата придружба слетал 45 минути пред тие да пристигнат.
Инаку, на собраниската седница, од присутните 237 пратеници, „за“ недоверба кон владата гласале 102, „против” биле 124, а „воздржани“ 11.
„За” гласале пратениците од редовите на БСП и ДПС, а нивниот избор го отфрлило мнозинството кое го сочинуваат ГЕРБ и Обединети патриоти. Воздржани во гласањето биле пратениците од партијата Волја.
Веднаш по гласањето, од владејачката партија посочија дека барањето на опозицијата било без политичка логика.
„Нема смисла, ниту полза да се организираат предвремени избори само два месеци пред редовните, и тоа среде зима. И второ, оваа влада треба да си ја заврши својата работа. Да се справи со здравствените, социјалните и економските последици од пандемијата. Потоа да ги подготви сите документи кои ќе осигураат достапност на европскиот пакет финансиски средства. И на крајот, имаме уште една голема задача. Да создадеме систем со кој ќе биде овозможено електронско гласање на изборите“,